Динамички QR код
Дестинацијата ја менувате кога сакате, а испечатениот код останува ист. Со статистика за скенирања и пристап до порталот.
Една плочка на масата, една налепница на витрината или еден код на менито. Вие одлучувате каде води, кога сакате. Без ново печатење и без нови трошоци.
Секој производ го добивате како плочка или како дигитален фајл (PNG) за печатење на мени, флаер или амбалажа. Со ваш дизајн, или ние ќе го изработиме.
Дестинацијата ја менувате кога сакате, а испечатениот код останува ист. Со статистика за скенирања и пристап до порталот.
Секогаш води на исто место: Wi-Fi лозинка, адреса, фиксен линк. Поедноставно и поевтино решение кога нема потреба од промени.
Наместо хартиена визитка што завршува во фиока: едно скенирање и вашиот контакт е зачуван во телефонот. Име, телефон, е-пошта, фирма, веб-страна и адреса, без препишување и без грешки. Ако смените број или работно место, кодот останува ист, а контактот се ажурира.
Не е налепница ставена во готова пластична рамка. Секоја плочка е единствен предмет, направен по мерка за вас, од идеја до готов производ.
Пополнувате краток формулар: за што ви треба кодот, колку парчиња и какви идеи имате.
Дигитално за печатење на мени и флаери, или како плочка изработена по мерка.
Нова акција, ново мени, нов профил. Ние ја менуваме дестинацијата, или вие сами преку порталот.
Секоја плочка е изработена по мерка, во боите и со логото на клиентот. QR кодовите на фотографиите се заматени, бидејќи водат кон вистински клиенти.
Неколку идеи од многуте. Ако имате своја, ќе ја направиме.
Мени на масата што го менувате по сезона, и Wi-Fi без куцање лозинка.
Куќен ред, Wi-Fi и препораки за градот, на еден код во собата.
Плочка на касата: гостинот скенира и веднаш ве оценува.
Фризер, козметичар, стоматолог: закажување термин со едно скенирање.
Плочка на бојлерот или таблата: следниот пат клиентот веднаш ве наоѓа.
Instagram профил или акција на витрината, секоја недела друга.
Локација, распоред и заеднички албум каде гостите праќаат фотографии.
Плочка со порака, песна или видео: уникатен подарок за роденден, годишнина или свадба.
Секој клиент добива свој пристап на portal.qrkod.mk.
kafecentar.mk/meniТоа е QR код чија дестинација може да се смени во секое време, без кодот повторно да се печати.
Кон било која веб адреса: мени, Instagram, Facebook, Google рецензии, PDF документ, видео или контакт картичка (VCF) што директно се зачувува во телефонот.
Статичниот QR код секогаш води на исто место, на пример Wi-Fi лозинка или фиксна адреса. Динамичкиот можете да го насочите на друго место кога сакате и има статистика за скенирања.
Тоа е QR код што при скенирање го зачувува вашиот контакт директно во телефонот: име, телефон, е-пошта, фирма, веб-страна и адреса.
Веднаш. Штом ја зачувате новата дестинација во порталот, следното скенирање веќе води таму.
Сè додека не ја смените повторно. Останува активна додека вашата услуга е активна, без рок и без ограничување на бројот скенирања.
Кодот само води до адреса што вие ја одредувате: вашиот сајт, YouTube канал, Instagram, Google Drive или сличен сервис. Самата содржина, како видео, мени или PDF, ја поставувате вие таму, а ние се грижиме кодот да води до неа. Ако немате каде да ја поставите, ќе ви помогнеме.
Да. Секоја плочка ја изработуваме по мерка, со ваше лого, текст и бои, или ние ќе предложиме дизајн.