Како работи динамичкиот QR код

Вие одлучувате каде води кодот, а испечатената плочка останува иста. Кога ќе ја смените дестинацијата, следното скенирање веќе води на новото место, без ново печатење.

Добро е да знаете: QR кодот само води до адреса. Видеото, менито или документот стојат на вашиот сајт, YouTube, Instagram или Google Drive, а не кај нас. Ако немате каде да ги поставите, ќе ви помогнеме.

Што се случува кога некој скенира

СкенирањеПосетителот го насочува телефонот кон кодот, без посебна апликација.
Вашата дестинацијаМени, профил, PDF, видео или контакт, таму каде што вие ќе одлучите.
Менувате кога сакатеНова дестинација, иста плочка. Скенирањата ги гледате во порталот.

Сè се случува за помалку од секунда. Посетителот само ја гледа страната каде што сте го насочиле.

Од понуда до готов код

  1. Барате понуда

    Пополнувате краток формулар: за што ви треба кодот, колку парчиња и какви идеи имате.

  2. Се договараме

    Ви праќаме понуда и предлог за дизајн. Ако имате свој дизајн, го користиме него.

  3. Изработка

    Ја изработуваме плочката по мерка или ви го праќаме дигиталниот фајл за печатење.

  4. Менувате кога сакате

    Кодот е активен. Дестинацијата ја менуваме ние, или вие сами преку порталот.

Два начина за промена на дестинацијата

Ние ја менуваме

Ни пишувате каде треба да води кодот и ние ја правиме промената. Најлесно за оние што не сакаат да се занимаваат со тоа.

Вие сами, преку порталот

На portal.qrkod.mk се најавувате со ваше корисничко име и ја внесувате новата адреса. Промената важи веднаш, а секоја промена останува запишана во историјата.

Статистика за скенирања

Во порталот гледате колку пати е скениран секој од вашите кодови, по денови. Така знаете дали менито на масата, плочката на касата или кодот на флаерот навистина се користат.

Најава во порталот

Подготвени сте за вашиот прв динамички код?

Побарај понуда