За нас

qrkod.mk е бренд на CUBIKUS. Ги спојуваме двете работи што најдобро ги знаеме: софтвер и изработка по мерка.

Нашата цел е да ви го олесниме секојдневното работење. Менито, акцијата, линкот за рецензии или вашиот контакт ги менувате за неколку секунди, без ново печатење, без чекање и без дополнителни трошоци. Вие се посветувате на вашиот бизнис, а QR кодот работи за вас.

Сопствен систем

Динамичките кодови работат на систем што сами го развивме и сами го одржуваме, со портал и статистика за секој клиент.

Изработка по мерка

Секоја плочка ја дизајнираме и изработуваме ние, според вашиот бренд. Нема готови рамки и нема налепници.

Техничка поддршка

Кога ви треба промена или помош, разговарате со луѓето што го направиле вашиот код.

CUBIKUS

qrkod.mk е дел од CUBIKUS. Повеќе за нас и за другите наши проекти дознајте на cubikus.com.

Да направиме нешто заедно.

Побарај понуда