Политика за приватност
Кратко и јасно: кои податоци ги собираме и зошто.
Кој ги обработува податоците
qrkod.mk е бренд на CUBIKUS. Податоците ги обработуваме ние и не ги продаваме ниту ги даваме на трети лица за рекламирање.
Формулар за понуда
Кога го пополнувате формуларот, ги добиваме вашето име, фирма, телефон, е-пошта и она што ќе го напишете. Ги користиме само за да ви одговориме и да ви испратиме понуда. Ги чуваме онолку колку што е потребно за таа соработка.
Скенирања на QR кодовите
Кога некој скенира динамички код, бележиме датум и време на скенирањето, за да може сопственикот на кодот да ја види статистиката. Не бележиме име, телефонски број или друг податок што директно го открива лицето што скенира.
Мерење на посетеноста (Google Analytics)
Користиме Google Analytics 4 за да знаеме колку луѓе го посетуваат сајтот, кои страници ги читаат и од каде доаѓаат (на пример од Google или од Facebook). Така го подобруваме сајтот и нашите услуги.
Google Analytics поставува колачиња и бележи податоци како: кои страници сте ги отвориле и колку долго, вид на уред и прелистувач, приближна локација (држава и град) и од која страница сте дошле. IP-адресата не се зачувува. Податоците ги обработува Google и ги гледаме само збирно, како статистика, без да знаеме кој сте.
Колачиња
Колачињата на Google Analytics се поставуваат само ако ги прифатите во прозорчето за колачиња. Ако ги одбиете, Google Analytics не поставува колачиња и праќа само анонимни сигнали без податоци што ве препознаваат. Не користиме колачиња за рекламирање и не ве следиме на други сајтови.
Вашата одлука ја памтиме во прелистувачот. Можете да ја смените во секое време преку линкот Колачиња на дното на секоја страница, или да ги избришете колачињата во поставките на прелистувачот.
Вашите права
Можете да побарате увид, исправка или бришење на вашите податоци. Пишете ни преку формуларот и ќе постапиме веднаш.