QR плочки, кодови и визитки по мерка

Секој производ го добивате како плочка изработена по мерка или како дигитален фајл (PNG) за печатење на мени, флаер или амбалажа. Со ваш дизајн, или ние ќе го изработиме.

Цени од 500 ден.Точната цена зависи од видот, количината и дизајнот. Бесплатна понуда, одговор во рок од неколку часа.

Динамички QR код

Кодот што го менувате и откако е испечатен. Најдобар избор за мени, акции, профили и сè што се менува со текот на времето.

  • Дестинацијата се менува во секое време
  • Статистика за скенирања по денови
  • Пристап до порталот portal.qrkod.mk
  • Можност сами да ја менувате дестинацијата
  • Историја на сите промени

Плочка или PNGВаш или наш дизајн

Статичен QR код

Кодот секогаш води на исто место. Поедноставно и поевтино решение кога нема потреба од промени.

  • Wi-Fi лозинка, адреса или фиксен линк
  • Работи без наш систем, засекогаш
  • Без статистика и без портал

Плочка или PNGВаш или наш дизајн

Модерна визитка со QR

Наместо хартиена визитка што завршува во фиока: едно скенирање и вашиот контакт е зачуван во телефонот. Без препишување и без грешки.

  • Име, телефон, е-пошта, фирма, веб-страна и адреса
  • Работи со камерата на модерните телефони
  • Како динамичка: ако смените број или работно место, кодот останува ист, а контактот се ажурира
  • Плочка за биро, шалтер или врата

Плочка или PNGВаш или наш дизајн

Плочка или дигитален фајл

Плочка изработена по мерка

Форма, големина и бои по ваш избор, со вашето лого и текст. За на маса, шалтер, ѕид или врата. Цврста и трајна, направена да стои години.

Дигитален фајл (PNG)

Кодот во висока резолуција, подготвен за печатење на мени, флаер, налепница, амбалажа или визитка. Го печатите каде што сакате.

Целосно наша изработка

Не е налепница ставена во готова пластична рамка. Секоја плочка е единствен предмет, направен по мерка за вас, од идеја до готов производ.

Не сте сигурни што ви треба? Ќе ви предложиме.

Побарај понуда