Чести прашања

Сè што треба да знаете за динамичките и статичните QR кодови, плочките и визитките.

Што е динамички QR код?

Тоа е QR код чија дестинација може да се смени во секое време, без кодот повторно да се печати.

Која е разликата меѓу статичен и динамички QR код?

Статичниот QR код секогаш води на исто место, на пример Wi-Fi лозинка или фиксна адреса. Динамичкиот можете да го насочите на друго место кога сакате и има статистика за скенирања.

Кон што може да води кодот?

Кон било која веб адреса: мени, Instagram, Facebook, Google рецензии, PDF документ, видео или контакт картичка (vCard) што директно се зачувува во телефонот.

Дали е потребна апликација за скенирање?

Не. Модерните телефони, и iPhone и Android, го читаат QR кодот директно со камерата.

За колку време е активна промената?

Веднаш. Штом ја зачувате новата дестинација во порталот, следното скенирање веќе води таму.

Колку долго важи промената?

Сè додека не ја смените повторно. Останува активна додека вашата услуга е активна, без рок и без ограничување на бројот скенирања.

Каде се наоѓа она што се отвора при скенирање?

Кодот само води до адреса што вие ја одредувате: вашиот сајт, YouTube канал, Instagram, Google Drive или сличен сервис. Самата содржина, како видео, мени или PDF, ја поставувате вие таму, а ние се грижиме кодот да води до неа. Ако немате каде да ја поставите, ќе ви помогнеме.

Дали можам сам да ја менувам дестинацијата?

Да. Ако ја вклучиме таа можност за вашата сметка, дестинацијата ја менувате сами на portal.qrkod.mk. Инаку, ни пишувате и промената ја правиме ние.

Што покажува статистиката?

Колку пати е скениран секој од вашите динамички кодови, по денови. Ја гледате во порталот, на portal.qrkod.mk.

Дали динамичкиот код истекува?

Динамичкиот код работи сè додека вашата услуга е активна. Статичниот код не зависи од нашиот систем и работи засекогаш.

Што е визитка со QR код (vCard)?

Тоа е QR код што при скенирање го зачувува вашиот контакт директно во телефонот: име, телефон, е-пошта, фирма, веб-страна и адреса.

Може ли плочката да биде со моето лого?

Да. Секоја плочка ја изработуваме по мерка, со ваше лого, текст и бои, или ние ќе предложиме дизајн.

Дали може само дигитален фајл, без плочка?

Да. Кодот го добивате како PNG фајл во висока резолуција, подготвен за печатење на мени, флаер, налепница или амбалажа.

Колку чини?

Цените почнуваат од 500 ден. Точната цена зависи од видот на кодот, бројот на парчиња и дизајнот. Пополнете го формуларот и ќе ви испратиме бесплатна понуда во рок од неколку часа, без никаква обврска.

Колку време трае изработката?

Зависи од количината и дизајнот. Рокот го договараме заедно, уште во понудата.

Не го најдовте одговорот? Прашајте нè.

Побарај понуда